• Sat. May 18th, 2024

„Македонската економија – да се биде или не“

By

Nov 19, 2021
ZG fotografija

Комерцијална објава

„Македонската економија – да се биде или не“„… додека ги пишував овие редови, во главата упорно ми одѕвонуваа музичките акорди ибезвременската порака од текстот на култниот евергрин отпеан од рок легендата ДадоТопиќ (1978) „Ја хоќу ЖИВОТ – Болји ЖИВОТ…“Девастирачките економски и социјални последици од пандемиското „цунами“, само гомултиплицираа чувството на разочараност и бесперспективност, посебно кај младитегенерации и дополнително го засилија разорниот тренд на економски мотивиранатамиграција. Покрај политиката, информации за неповолните економски текови, енергетскатакриза, инфлаторните притисоци и загрижувачкото зголемување на трошоците за живот,нападно ги диктираат насловните страници и ударните прилози на сите медиуми.Недостатокот на реални странски и домашни инвестиции генерира хронично ниска понуда наквалитетни и добро платени работни места, непристојно низок животен стандард којобезбедува само преживување или „живуркање“ без јасно препознатливи можности запрогрес. Речиси и да нема семејство кај кое дел од нивните најблиски роднини, комшии ипријатели не се веќе иселени во некоја од економските развиени земји. Голем дел од нашатамлада популација, едуцирани и во најдобра работоспособна кондиција, искрено и отворенопотврдуваат дека во Македонија не ја гледаат својата иднина па затоа интензивно планираатда се иселат во странство барајќи можности за поквалитетен и посреќен живот. Сите сме помалку презаситени од напливот на мноштво аргументирани и академскиелаборирани економски студии, анализи, статистички извештаи, експертски предупредувања ипрогнози. Всушност, нам никогаш и не ни недостасувале стручни мислења со кои седијагностицираат прецизно слабостите и проблемите во економијата. Но, ние хроничнопатиме од недостаток на храбро и одлучно соочување со реалноста и проактивно преземањена конкретни акции и дела за позитивни резултати – Сега и Веднаш! Високите достигнувања запоквалитетен, подостоинствен и посреќен живот на сите наши сограѓани се практичноостварливи само преку забрзан економски развој. И да бидам директен и прецизен – Воактуелниве кризни времиња единствено реална, повторувам ЕДИНСТВЕНА мега странскагринфилд инвестиција која е веќе во земјава и е целосно подготвена веднаш да започне сооперативна реализација, е токму проектот на Еуромакс Ресоурцес и глобалниот деловен гигантГрупацијата ТРАФИГУРА, за современ рударски комплекс за бакар „Иловица – Штука“!!!Да ве потсетам на фактот дека во изминативе петнаесетина години за подготвителна фаза нагеолошки истражувања, проектирање, физибилити студија, изработка на меѓународнопотврдена „Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти“,како и за сите други неопходни активности и професионално ангажирани домашни и странскиексперти – кумулативно се инвестирани околу 50 милиони евра. Сега, за првите две години на интензивна изградба на рударскиот комплекс, обезбеден еинвестиционен буџет од околу 340 милиони евра.

Во оваа фаза, околу 180 милиони евра ќе бидат исплатени по реализација на комерцијални договори со домашни компании,кооперанти од различни сектори на македонското стопанство. Во текот на планираниот период од 25 години за оперативно функционирање, по основ на„outsourcing“ сервиси, секоја година редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра надомашните кооперанти… само по овој основ, кумулативно за период од 25 години ќе бидатисплатени околу 1,87 милијарди евра. Секоја година редовно ќе се плаќаат приближно 24 милиони евра во националниот буџет пооснов на законски давачки, даноци и такси. Околу 5 милиони евра на годишно ниво ќе сеслеваат директно во општинските буџети на Босилово и Ново Село. Само богати и економскиразвиени општини, региони и држава, можат реално да си дозволат практично реализирањена сите приоритетно планирани инфраструктурни и комунални проекти, како и одржливоинвестирање во грижата за заштита на животната средина што е од интерес за сите жителинезависно од нивните политички, етнички, верски или културни различности.Веднаш по започнувањето со оперативното работење, овој рударски комплекс ќе се придружина ТОП 3 извозните компании од нашата држава со проектиран просечен извоз (зависно одберзанските цени на бакарот!) од околу 200 – 250 милиони евра годишно. Значајните приливина девизни средства во државава во голема мерка ќе помогнат во одржувањето на билансотна плаќање во услови на трговски дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос наизвозот, ќе допринесат за ублажување на инфлаторните притисоци, зголемувањето надевизните резерви и ќе помогнат за одржување на стабилноста на националната валута…За оперативно функционирање на овој рударски комплекс потребни се над 500 директниработни места со еднакви можности за сите кандидати од различни професии и правична„родова – балансираност“ кај сите позиции. Експертскиот тим ќе помогне преку организирањеи финансирање на ефикасни теоретски и практични обуки, како и индивидуални интервјуа запрофесионална и непристрасна проценка на секој кандидат поединечно – личнитеквалификации, вештини и преференции. Согласно светските искуства, тука ќе има и реалнапотреба од околу 2700 „индиректни“ вработувања кај сите домашни деловни партнери –кооперанти кои по комерцијалните договори за „outsourcing“ во следните 25 години сеобезбедуваат најразлични сервисни услуги и потрошни добра. Несомнено фактите потврдуваат дека оваа мега странска гринфилд инвестиција во југоистокотна нашата држава, претставува неповторлива шанса за СИТЕ жители и домашните деловнипартнери. Веднаш остварлива прилика за локалните и регионалните институции и јавнипретпријатија долгорочно да си обезбедат квалитетно партнерство и стабилна финансискаасистенција, но секако и уникатна можност за нашата национална економија за забрзан иодржлив развој, прогрес со одлучно чекорење победнички напред!И да, сепак морам да споделам со вас дека додека ги пишував овие редови, во главата упорноми одѕвонуваа музичките акорди и безвременската порака во текстот на култниот евергринотпеан од рок легендата Дадо Топиќ (1978) „Ја хоќу ЖИВОТ – Болји ЖИВОТ“ … Стремежот запостигнување СРЕЌА и подобар ЖИВОТ (Резолуција на УН – Ден на Среќата, 20-ти март) е едноод фундаменталните човекови права и возвишена ЦЕЛ!

Д-р Живко Груевски

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *