• Mon. May 20th, 2024

Македонија на 38 место по слобода на медиумите

Македонија ги има најслободните медиуми меѓу земјите од Западен Балкан, стои во новиот извештај на организацијата Репортери без граници, но се додава дека и покрај напредокот во рангирањето, новинарите во Македонија продолжуваат да се мачат со разни проблеми, вклучувајќи политички притисоци.

Македонија се најде на 38. место во класификацијата за 2023 година, која опфаќа 180 држави од цел свет, при што е рангирана пред земји како Италија, Хрватска, САД, Словенија, Полска, Јапонија, Бугарија и Грција.

„Но, иако е забележан напредок новинарите во Македонија и натаму се соочуваат со нетранспарентно и нестабилно финансирање, конфликт на интереси, политички притисоци, кампањи за оцрнување и со малтретирање на социјалните мрежи“, вели Павол Салај, шефот на канцеларијата на Репортери без граници за ЕУ/Балкан.