• Fri. May 17th, 2024

Македонија во портокалова фаза: И денеска температури над 40 степени

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура, како што информираат од УХМР, ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

Како што соопшти УХМР, во наредните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

By Ѓ. K.