• Fri. May 17th, 2024

Мажи од Куманово и Дебар починаа од корнавирус, забележана највисока бројка на заразени во еден ден

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирус починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал Хронично обструктивен бронхит и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, изјави Макфакс.

Со ова вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава се искачи на 9.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од новозаразените најмногу се Куманово – 23, 11 од Скопје, 4 од Тетово, 3 од Битола, 2 од Струга и еден од Прилеп.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 329 лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *