• Mon. May 13th, 2024

Лицата со интелектуална попреченост од Порака почнаа со продажба на своите ракотворби – фото од нивните изработки !

Впечатливи сувернири и украси од разновидни матријали изработија членовите на ЦПЛИП -ПОРАКА од Струмица во изминатиов период во рамките на проектот ,, Преку креативност поблиску до социјална инклузија,,  Изминативе месеци тие работеа на  повеќе експонати кои сами ги осмислија и со сопствени раце го изработуваа секој детаљ за самото дело. На тој начин докажаа дека се креативни и може работно да бидат ангажирани.

Општата  цел на проектот кој финансиски го подржа општина Струмица е развој на социјалното претприемништво како основа за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост. Целта на активности на проектот што го реализира Порака  е развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување на лицата со интелектуална попреченост.

Нивните дела веќе може да се видат и купат  бидејки како што велат самите членови на Порака од Струмица, само на тој начин ќе добиле сатисфакција дека нивните рачно изработени сувенири и украси навистина вредат…

Еве каде може да ги видите и набавите ракотворбите

Фејзбук  (https://www.facebook.com/handmadePORAKA/)

Инстаграм (https://www.instagram.com/poraka_ukrasi/)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *