• Tue. May 14th, 2024

Лекот Ивермектин пристигнува во Македонија за две недели

„Магичниот лек“ во кој многумина гледаат спас за да го победат смртносносниот Ковид-19 наскоро ќе биде достапен и за македонските граѓани.

Ивермектинот“ –  еден од лековите за кои се верува дека се поуспешни во справувањето со опасниот вирус Ковид-19, наскоро ќе биде достапен и за македонските граѓани. Досега се бараа заобиколни патишта и начини како тој од странство да се донесе во земјава, за лекување на заболените од вирусот. Но, според најавите на надлежните за две недели тој ќе може да се најде и на рафтовите во аптеките во земјата, а ќе се издава на рецепт. Ќе се користи и во болниците, а за дозирањето и употребата ќе одлучуваат лекарите. 

„Ивермектинот“ во Северна Македонија досега се користел само за лекување на животни во ветеринарните амбуланти. Откако ги помина сите фази на одобрување во Министерството за здравство и Агенцијата за лекови МАЛМЕД, а по бројните научни студии кои покажаа дека има ефект во сите фази на коронавирусот, Комисијата за заштита од заразни болести даде дозвола за негово користење. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *