• Fri. May 17th, 2024

ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата, се вели во соопштението.

ЛДП соопшти дека била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, по што бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

„Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата. Како што додаваат од партијата согласно Статутот на ЛДП се формира организационен одбор во чиј состав се изгласани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски. До Конгресот ќе се одржат уште две седници на ЦО со цел подготовка на истиот, а на следниот состанок на ЦО кој се очекува да се одржи следната недела ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот“, додаваат од ЛДП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *