• Mon. May 13th, 2024

КУП- Пандевци ја шокираа Македонија ЃП, Турново лесно против Љуботен

Фудбалерите на Академија Пандев ја изненадија Македонија ЃП во рамките на 1/16 финалето од Купот на Македонија. На теренот во Турново  го торпедираа скопскиот прволигаш и го направија најголемото изненадувањето во ова фаза од националниот КУП. Речиси во целиот натпревар,, пандевци,, покажаа борбеност, итрина и надомоќност на теренот на стадионот Кукуш. Како што е познато  Академија Пандев ова сезона дебитира во Втората лига и го сметаа во подредена улога во овој меч со скопскиот тим. Но на терен сликата беше далеку поразлична каде пандевци петпати ја тресеа мрежата на прволигашот Македонија ЃП. Филип Петковски и Љупче Дориев постигнаа по два гола а како стрелец се запиша и Кристијан Трапанвоски

Проблем немаше ниту Хоризонт Турново кој со 6:0 го надигра Љуботен и заедно со тимот на Академија Пандев обезбедија пласман во 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *