• Fri. May 17th, 2024

Кружниот тек на Ленинова е асиметричен и одобрен од стручни лица, тврдат од Урбанизам

Изградбата на нов кружен тек во централниот дел на Струмица стана главна тема меѓу струмичани. Видеото што го снимиле со дрон на оваа локација покажува изместување од централниот дел на раскрсницата, што разбуди сомнеж дека станува збор за грешка на изведувачите.

Овој кружен тек е барање на жителите на градот, бидејќи двете улици се фреквентни и често се создава гужва.

Од секторот за урбанизам велат дека кружниот тек е во изградба и треба да се почека да се види неговата функционалност. Објаснуваат дека станува збор за асиметрично поставен кружен тек поради воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот Ленинова кон улицата 24 Октомври, и од 24 Октомври кон излезот на градот. Потребата за такво лоцирање го утврдиле стручни лица по извршено софтверско мерење на протокот на возила на тој потег. Од урбанизљам информираат дека проектот бил одобрен и од СВР Струмица и Советот на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *