• Tue. May 14th, 2024

Кривична пријава за струмички угостител

За седум денa, од 12 до 18 мај, пазарните инспектори затвориле 14 угостителски објекти, а за еден од нив со седиште во Струмица, како и за хостел во Скопје, поднеле и кривична пријава. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, рече дека Државниот пазарен инспекторат извршил 1.566 контроли, при што констатирал дека главно фирмите ги почитуваат уредбите на Владата, кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот.

„Државниот пазарен инспекторат затворил 14 угостителски објекти, од кои 12 се во Тетово, 1 во Охрид, 1 во Струмица, за кој е поднесена и кривична пријава. Исто така, кривична пријава е поднесена и за хостел во Скопје. Утврдени се и дополнително пет прекршоци, од кои едниот е за непочитување уредба од страна на банка, а другите се за неносење лична опрема и непочитување на замрзнатите цени“, изјави Филиповска-Грашкоска.

Инспекторатот за труд направил 682 надзориа кај работодавци, а донел 15 решенија и 42 укажувања за фирми што не постапиле во согласност со препораките на Владата, пишува Макфакс.

„Постапувајќи по препораката за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени или хронично билни лица, Трудовиот инспекторат констатира дека повеќето од работодавците ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот“, додава претседателката на Инспекцискиот совет.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 195 надзори во повеќе градови и разни видови субјекти, при што инспекторите изрекле 12 решенија поради неспроведување контрола на штетници и заштита од нив поради лоши хигиенски услови, а изречени се и осум казнени мерки едукација поради непримена на заштитните мерки за заштита од коронавирусот, неводење евиденција за хигиенска пракса и неправилно означување на производите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *