• Tue. May 14th, 2024

Кривична пријава за две лица, криумчареле мигранти од Кина

ByЃ. K.

Jan 4, 2024

Во просториите на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија вчера бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија осомничени за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопштија денеска од МВР.

„Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти. Во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди“ и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес“ со пет лица мигранти од Кина во него“, се вели во соопштението.

Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски таблички од друго возило.

Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.