• Wed. May 15th, 2024

Кравињо не очекува нови билатерални блокади од Бугарија

ByВане Трајков

Jul 26, 2022

Португалскиот министер за надворешни работи Гомес Кравињо не очекува дека во процесот на преговори меѓу Македонија и ЕУ повторно ќе има билатерална блокада со Бугарија. Шефот на португалската дипломатија по средбата со неговиот колега Бујар Османи, изјави дека верува оти земјите од ЕУ ќе си го одржат зборот., пренесе Алсат М

„Во меѓународните и политичките односи, верувам дека е од суштинско значење да се верува на дадениот збор, на дадениот потпис, на преземената обврска. Билатералното прашање за кое интензивно разговараа Северна Македонија и Бугарија, верувам дека е заокружено, има заклучок. Не очекувам повторно да го отворите овој случај, не гледам причина зошто истиот случај повторно да се отвори“, вели Кравињо.

Во однос на македонскиот јазик, министерот за надворешни работи Бујар Османи зборуваше и за едностраната изјава што земјата ја достави до ЕУ на првата меѓувладина конференција, за која рече дека е дел од францускиот предлог. Тој рече дека бугарската страна својата изјава за македонскиот јазик го испратила во ОН пред пет години, по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *