• Sun. May 19th, 2024

Коцеви од Злеово бараат помош за нивниот 5 годишен син за операција во Белград

ByВане Трајков

Oct 17, 2017

Семејството Коцеви од радовишко Злеово упатуваат апел до сите хумани луѓе да донираат средства со цел  нивниот петгодишен син да замине на оперативен зафат во Белград – Србија  за реконструкција на пенис.

Кај 5 годишното дете е констатирана дијагноза ,, Hypospadia scrotalis,, и има проблеми за што е потребна итна хирушка интервенција. Интервенцијата  е закажана на 14 ноември годинава а за што се потребни околу 6 илјади евра. Семејството Коцеви од Злеово ги немаат средствата и бараат помош од сите хумани луѓе да помогнат оти во Македонија не успеале да најдат решение за проблемот на нивното чедо

За таа цел отворена е телфонска линија за донации на ВИП и сметка во Стопанска банка

Донации преку VIP-  на бројот  143 474

         Mobimak на бројот 143 181

Жиро сметка  200003204370548 Ад Стопанска Банка Скопје

 за лекување на  Јован Леонард Коцев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *