• Sat. May 18th, 2024

Костадинов: Мебелот што не ви е потребен во домот не го фрлајте на тротоар, јавете се во Комуналец

ByЃ. K.

Jul 10, 2023

Градоначалникот Костадинов реагираше на несовесно однесување од страна на граѓани кои исфрлиле мебел на тротоар во Струмица.

– Од сите нас зависи каква слика сакаме да оставиме за Струмица.Оваа состојба не е ниту од Комуналец ниту од советниците ниту од администрацијата. Мебелот кој на некој не му требал дома, можел да се јави во Комуналец и без финансиски надоместок да го подигнат”, истакна Костадинов.

Исто така, тој предупреди на строги санкции доколку граѓаните практикуваат вакво нешто и во иднина.

– Таквото луксузирање на поединци ќе биде многу строго казнето.

Градоначалникот побара поддршка и разбирање од сите граѓани на Струмица и почит кон вработените во ЈПКД Комуналец.

By Ѓ. K.