• Thu. May 16th, 2024

Корупцијата во владините тендери во Македонија е проблем за инвеститорите, забележува извештај на Стејт департментот

Корупцијата во владините тендери во Македонија е проблем за инвеститорите, забележува извештај на Стејт департментот

Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, се вели во годинешниов извештај за климата за инвестирање во државатаВАШИНГТОН — 

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата во Северна Македонија на моменти било слабо и селективно ги таргетирало владините критичари и прекршители на ниско ниво, се вели во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година.

Во извештајот се наведува дека имало кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и многу други сектори.

„Актуелната Комисија за борба против корупцијата (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, продолжи со работа по усвојување на новата легислатива за антикорупција во јануари 2019 година, и е особено проактивна оттогаш. Комисијата отвори бројни истраги поврзани со корупција, фокусирани на високи официјални лица од политичкиот спектар, за наводни непотизам и конфликт на интереси“, стои во извештајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *