• Tue. May 14th, 2024

Колоните се долги, патниците се нервозни: На „Богородица“ се чека по 90 минути, уште толку за грчката граница

ByЃ. K.

Jul 8, 2023

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на граничниот премин Табановце за влез во државата е 30 до 40 минути, додека на граничниот премин Богородица за излез од државата е 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Од први јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

By Ѓ. K.