• Thu. May 16th, 2024

Кај пациент детектирано присуство на индиски сој на ковид-19

Кај пациент детектирано присуство на индиски сој на ковид-19

Кај пациент кој е хоспитализиран во приватна болница во земјава, минатата недела било детектирано присуство на индиски сој на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

„Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека денеска министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
„Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава“, велат од неговиот кабинет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *