• Wed. May 22nd, 2024

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан во товарно возило

ByВане Трајков

Dec 12, 2019

Вчера околу 18.00 часот во индустриска зона во с.Василево бил лишен од слобода М.О.(41) од с.Зелениково, скопско, кој управувал товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени 30 лица мигранти (29 од Авганистан и еден од Пакистан).

Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *