• Mon. May 20th, 2024

Карантинот за наши државјани кои се враќаат од странство се продолжува на 21 ден

Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик се продолжува и место 14 дена ќе изнесува 21 ден, одлучи Владата, пренесе Макфакс.

„На државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија“, соопшти Владата.

На денешната седница беше донесена и одлука во државен карантин да се сместуваат и наши државјани вратени од странство со конвои по копнен пат, а не само оние кои се враќаат со хуманитарни летови како што беше досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *