• Thu. May 16th, 2024

Канал ВИС и понатаму најгледан во Југоистокот – истражување на АВМУ

ByВане Трајков

Apr 16, 2021
канал вис

Според последните истражуања од АВМУ, Канал ВИС како регионален телевизиски медиум и понатаму ужива висок рејтинг меѓу популацијата во Југоистокот за првиот квартал од 2021 година. Истражувањето АВМУ го прави на репрезентативен примерок од гледачи во сите 10 општини од Југоистокот, колку одреден медиум се гледа наспроти вкупниот број на телевизиски канали што им се понудени во регионот. Во случајот станува збор за регионот Боскија Д4.

Од вкупниот број испитаници дури 22,1 одсто од испитаниците се изјасниле дека го гледале ТВ Канал ВИС што според процентот, преставува втор регионален медиум во земјава на македонски јазик што има висок процент на гледаност. Анализирајки ги бројките на просечниот рејтинг на ТВ канали по час, Канал ВИС има гледаност од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ, при што значително расте гледаноста во периодот од 17 до 23 часот

Истражувањето на АВМУ во однос на програмите , најмногу се гледаат вестите, информативните емисии, филмовите и спортската програма од она што се нуди на телевизија во овој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *