• Fri. May 17th, 2024

Кампања: „Слави со срце, не со оружје“

Оружјето и пиротехничките средства не се добредојдени „гости“ на прославите – е главната порака на кампањата „Слави со срце, не со оружје“, која во изминатиот период ја спроведе Министерството за внатрешни работи во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамки на активноста, полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи во државата, разговараа со граѓаните и им поделија едукативен печатен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби.

„Покрај репресивните мерки кои ги преземаме, се разбира, работиме и превентивно за заеднички да ја елиминираме оваа несакана појава која за жал е присутна со години, не само во нашата држава туку и во опкружувањето. Нашите одделенија за превенција секојдневно организираа активности на територијата на целата држава, на кои ги информиравме граѓаните за законските одредби што го санкционираат таквото однесување и казните кои се изрекуваат, а особено внимание беше посветено за опасностите од употребата на оружјето по здравјето и животот. Покрај непосредните разговори и укажувања, на граѓаните им поделивме и едукативен печатен материјал со цел да влијаеме на нивната свест“, вели Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *