• Sun. May 19th, 2024

Казни за 91 возач во Југоистокот – најмногу во Струмица и Радовиш

ByЃ. K.

Dec 4, 2023

На 03.12.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 91 прекршување на брзината, од кои по 36 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 10 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 70 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 21 во населено место.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.