• Mon. May 20th, 2024

Каде ќе се пласира струмичкото раноградинарство

На праг на првите берби од зелката, министерството за земјоделство будно ќе ги следеле тековите, барале алтернативни пазари, средби со амбасади, 4, 300 денари по хектар зелена нафта по предходно итврдена методологија за работа. Министерот Николовски денес од Струмица порача дека раноградинарите ќе бидат опфатени и со новиот интервентен фонд кој најхолем делч од мерките се за полјоделството и сточарството , но ќе бараат начини како да се зголемат финансиските средства и за раноградинарството.

Земјоделците загрижени дека сеуште нема конкретни информации каде ќе заврши нивното производство. Бараат и финансиска поддршка и за набавка на репроматеријалите чии цени рапидно пораснаа.

За десеттина дена од струмичката котлина се очекува на пазарите да се појават првите зелки , краставици, пиперки, домат. Земјоделските експерти велат дека производството на некои раноградинарски производи е зголемено за 30 тина отсто, што дополнително прави притисок на земјоделците , каде ќе го пласираат родот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *