• Fri. May 17th, 2024

И во Гевгелија одбележан 7 Мај ден на МВР

По повод 7-ми мај, денот на македонската полиција, припадници на Полициската станица од Општа надлежност во Гевгелија, денеска положија свежо цвеќе на спомен обележјето во дворот на полициската станица. Ова обележје е поставено во спомен на загинатите припадници на службата за безбедност од гевгелиско, кои ги дадоа своите животи во одбрана на придобивките од народната револуција.

Инаку, со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод сеќавањето на 7 мај 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *