• Fri. May 17th, 2024

Италијанисти од Quo Vadis Ad Astra во ООУ „Сандо Масев“ реализираа работилница – Учиме преку игра

ByЃ. K.

Nov 13, 2023

Денес тимот на италијанисти на Здружението за промоција на италијански јазик и култура Quo Vadis Ad Astra беше во посета на училиштето пионер во воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик, но и препознатливо по бројните активности и успеси, ООУ „Сандо Масев“ Струмица.

Со учениците од седмо одделение беше реализирана работилницата – Учиме преку игра, со која се одбележува “Светската недела на италијанскиот јазик” годинава.

Работилницата е во рамки на проектот “Многу јазици, многу пријатели” поддржан од програмата Г1 на Општина Струмица.

Имплементатори: проф. Ѓургица Грнчарова, проф. Мирјана Секулова, проф. Илинка Алаѓозоски.

By Ѓ. K.