• Fri. May 17th, 2024

Историја влегува во општество, албански изборно од шесто

Историја влегува во општество, албански изборно од шесто

Од септември учениците до шесто одделение ќе немаат посебен предмет по историја. Содржините ќе се изучуваат под предеметот општество. Од шесто одделение пак учениците ќе имаат предмет Историја и општество. Клучната промена е што сега овие два предмети почнуваат да се учат споено во еден премет почнувајќи од шесто одделение.

Албанскиот јазик пак ќе стане изборен предмет, кој ќе може да се изучува од шесто одделение. Во четврток треба да се распишат огласите за подготовка на програмите во наставните предмети согласно наставниот план, а ресорното министерство ги повика сите експерти од високото образование, и оние што се вклучени во одделенска настава, да се вклучат во процесот на подготовка на програмите.

И покрај низата реакции во јавноста,Владата вчера ја усвои концепцијата .

„Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството, што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН.“ – вели Влада на РСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *