• Wed. May 15th, 2024

Исклучете ги светлата за утрешниот „Час на планетата земја“

Исклучете ги светлата за утрешниот „Час на планетата земја“

Повеќе од 190 земји ширум светот ќе ја дадат својата поддршка, испраќајќи порака за зачувување на планетата Земја – единствениот дом кој сите го делиме, на утрешниот „Час на планетата Земја“ кога повеќето земји ќе ги изгаснат светлата во име на најголемата светска еколошка акција.

Оваа година „Часот на планетата земја“ се одржува во сенка на тековниот конфликт во Украина, со порака за солидарност за луѓето и за планетата. Во мрак утре во 20:30 часот по локално време, меѓу другите ќе потонат Сиднејската опера во Австралија, Христос Спасителот во Бразил и Емпајер Стејт Билдинг во Америка.Локалната канцеларија на „Часот на планетата Земја“ во С Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето.

– Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, велат од локалната канцеларија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *