• Mon. May 20th, 2024

Интервентен фонд за земјоделството е со вредност од 250 милиони денари, вели Димковски

Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство, вели Трајан Димковски,

„За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен,, кажа Димковски.

Дополнително според него, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.

Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците.Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци.Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *