• Tue. May 21st, 2024

Израелците бараат од Ѓоковиќ да помогне во ослободувањето на деветгодишно дете киднапирано од Хамас

ByЃ. K.

Oct 24, 2023

Израелската амбасада во Белград го замоли Новак Ѓоковиќ да помогне во ослбоодувањето на заложниците кои ги држи Хамас.

Израелците пронајдоа начин како да го вмешаат Ѓоковиќ да помогне во ослободување на киднапираните деца од Хамас. Како причина амбасадорот наведе дете кое играло тенис, а сега е помеѓу засложниците.

„Драг Новак Ѓоковиќ,

Ова израелско дете по име Охад е твој голем фан. Многу го сака спортот и игра тенис неколкупати неделно. За жал, веќе не. Терористите на Хамас го киднапираа на 7. октомври. Денес му е 9. роденден и веројатно е сам во некоја мрачна соба во Газа. Би Ве замолиле да му пратите честитка за роденден и да го поддржите безусловното ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас“, стои во објавата

By Ѓ. K.