• Sat. May 18th, 2024

Изложба по повод 120 години од раѓањето на Никола Мартиноски во просториите на Europe House Струмица

ByЃ. K.

Aug 30, 2023

Europe House оваа година во Крушево ги одбележа 120 години од раѓањето на Никола Мартиновски, каде и се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски.

Овој јубилеј, како и неговото творештво и придонес кон македонската современа уметност беа доволен мотив да 8 млади дизајнери се приклучат на дигиталната ликовна колонија во Крушево и изработат креативни решенија.

Под менторството на уметникот Зоран Кардула, дизајнерите инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски креираа дела со помош на дигиталните алатки.

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Europe House Струмица од 01-13 септември, дојдете да ги доживеете нивните дела.

By Ѓ. K.