• Fri. May 17th, 2024

Изградбата на фекалната канализација во Пиперево е во завршна фаза

ByЃ. K.

Dec 13, 2023

Во Пиперево се гради последниот крак од фекалниот канализационен систем. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов објави дека сите домаќинства ќе можат да се приклучат на системот.

„Ова е историски момент, бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од Пиперево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“ објави градоначалникот Андонов.

By Ѓ. K.