• Sun. May 19th, 2024

Изгореа пилана, столарница и стовариште за градежни материјали во Ново Село

Во голем пожар изгоре пилана и столарница во Ново Село и складиште со градежни материјали во соседниот двор. Со часови противпожарните единици се бореле со огнената стихија во раните утрински часови, а гасењето било отежнао и поради теренот во кој требало време да се пристапи до објектот.

Во дворот на пиланата се уште чади. Очевидци на пожарот имало малку, објектот се наоѓа надвор од селото. Оние што го познавале објектот порано, велат дека била огромна фабрика.

Од противпожарната единица Струмица велат дека во гасењето учествувале 4 противпожарни возила и десет пожарникари-спасители. Увидна екипа на СВР била на местото на настанот. Материјалната штета и причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

https://www.facebook.com/kanalvis/videos/253035632949225

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *