• Sun. May 19th, 2024

Извршена дезинфекција на јавните површини во централното подрачје на Гевгелија

Вчера, во вечерните часови, службите наJПКД „Комуналец“- Гевгелија извршија дезинфекција на јавните површини во централното подрачје на општина Гевгелија, согласно препораките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и донесените мерки за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот.  о средство за дезинфекција, се изврши миење на шеталиштето на Градскиот плоштад, просторот околу Библиотеката, плочникот на Старата чаршија и паркинг-просторот кај „Стопанска“ банка и јавните површини околу Општината и Судот.          Општина Гевгелија апелира до граѓаните на општина Гевгелија доследно да ги почитуваат мерките за претпазливост, односно редовно носење заштитна опрема и редовна дезинфекција на рацете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *