• Tue. May 14th, 2024

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати минатата недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември, регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите за присуство на Koвид, што е намалување од 9,2 проценти во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена и понатаму е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *