• Tue. May 21st, 2024

Идната година за брзо возење и под дејство на алкохол казна затвор и до 3 години

Министерството за правда предлага измени во кривичниот закон при што одредени дејства во сообраќајот ќе се казнува како кривично дело а не прекршочно. Според предлогот кривично ќе се одговара со казна затвор до три години доколку фозчато управува возила под дејство на алкохол со најмалку 1,5 грама промили во крвта или пак вози под дејство на дрога. Кривично ќе се казнува и ако се вози мад 70 километри на час повеќе од дозволеното, претекнување на колона возила на непрегледно место или пак возење во забранет правец. Сето тоа е предвидено во новиот член 403 каде се вметнува ново кривично дело кое ќе гласи  ,, Безобзирно управување со моторно возило’’ при што за ова дело се предлагаат парични кази или казна затвор до три години

„За ова ново кривично дело се предлага сторителот да се казни со парична казна или затвор до три години. Досега ова дело не постоеше во нашиот Кривичен законик, а наведените дејствија на извршување се пропишани како прекршоци и други прописи. Во периодот што следи ќе биде направена детална анализа на сите прекршоци од други закони кои би требало да се избришат или модифицираат во контекст на ова и други нови предложени кривични дела“, велат од министерството за правда.

Брзото возење и возењето под дејство на алкохол се најчестите причини за предизвиканите сообраќајки во Југоистокот. СВР Струмица секоја недела организира акциска контрола за откривање на сторители кои возат над дозволената брзина или  пак возат во алкохолизирана состојба.  На територијата на СВР Струмица при секоја контрола се регистрират по педесетина случаи на возење со брзина поголема од дозволената или пак по 20 тина возачи кои седнале зад волан пијани

Лани МВР во земјава изречила  240 000 казни, од кои половина се за брзо возење. а за возење под дејство на алкохол напишани се околу 10.400 казни. Измените во предложениот Кривичен законик, треба да бидат предмет на расправа, а донесувањето на законот се очекува да биде до крајот на годинава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *