• Thu. May 16th, 2024

ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај за зонско паркирање во општина Гевгелија беше презентиран пред Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Со тоа всушност започна јавната кампања околу зонското паркирање во Гевгелија, пред да се најде овој проект пред надлежните органи на локалната самоуправа. Имајќи предвид дека движењето на возилата и начинот на паркирање на секое јавно паркиралиште и површина наменета за паркирање се врши според сообраќајнотехничка документација, односно проект одобрен од надлежен орган. Според основниот проект зонското паркирање ќе се применува на цела територија на град Гевгелија поделено во зони-зона А и зона Б. Во првата зона се наоѓаат улиците Гевгелискии партизански одреди, Кирил и Методиј, Ѓорѓи Велков, Борис Карпузов, Ристо Фаршинин, Слободан Митров-Данко од крстосница со улицата 7 Ноември до крстосница со улицата Таља Бикова, Радован Ковачевиќ до крстосница со улицата Деко Ковачев. Во проектот се нудат предлози за начинот, условите, времетраењето, наплатата и означувањето на зонското паркирање како и начинот на ограничувањето на отворените јавни паркиралишта. Притоа, се предлага наплатата на паркирањето да се врши од понеделник до сабота и тоа, од понеделник до петок во период од 7:00 часот до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 17:00 часот. Во недела и за државни разници зонскиот режим на паркирање да не се применува и наплатува. Времетраењето на паркирање во зона А, се предлага, да е ограничено на 120 минути, додека повластено паркирање да важи само за зоните за кои е одобрено. Наплатата на цената на паркирање ќе се врши преку мобилен телефон или паркинг картички Паркинг-картичките можат да бидат за временски ограничено паркирање од еден час, како и дневни паркинг карти, а претплатна паркинг карта да важи за сите зони. Станарите на станбените објекти и ,лица со инвалидитет, како и корисниците на деловен простор да можат површините за паркирање да ги користат со повластени паркинг билети. Со тоа што повластени паркинг билети на станарите со идентична адреса на живеење да им бидат издадени само за две возила. Подрачните единици на државни органи сместени во подрачјето на зоната А да користат бесплатно паркинг простор за своите службени возила. Членовите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот ја поздравија иницијативата за изработка на проект за сообраќаен режим во градот. Бидејќи на тој начин се обезбедуваат потребните предуслови за регулирање на сообраќајот и одредување на сообраќајните правила, посебно, кога станува збор за паркирањето. Притоа, беа дадени попвеќе предлози, кои заедно со предлозите од претстојната јавна кампања треба да помогнат во конечното одредување на зонското пшаркирање во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *