• Sat. May 11th, 2024

Земјоделците не ги осигуруваат посевите бидејќи полисите не ги покриваат ризиците од некоја штета во вистинскиот период

ByDimitar Micev

Apr 13, 2018

Полисите за осигурување на земјоделските посеви што ги нудат осигурителните компании, не им вршат работа на струмичките земјоделци, вели Ристо Велков – претседател на Синдикатот на земјоделци од струмичкиот регион. Според него, полисите за осигурување не ги покриваат ризиците од некоја штета во вистинскиот период. Како што вели Велков, пролетните мразеви настануваат кон крајот на месец март или почетокот на април, а осигурувањето од овој ризик е во првата половина на март. Ова е и една од причините што се помал број земјоделци го осигуруваат родот од природни катастрофи.

Од осигурителните компании велат дека полисите за осигуривање што ги нудат не се само за еден ризик. Тие нудат пакети со кои покриваат повеќе штети. Па така, ризикот од пролетни мразеви оди заедно во пакет со други ризици.

За да не претрпат големи штети, неопходно е земјоделците да ги осигуруваат посевите или пак да вложуваат во агротехнички мерки кои можат да ги ублажат последиците од елементарни непогоди. Државата веќе неколку години наназад субвенционира 60 отсто од трошоците за осигурување на земјоделските посеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *