• Fri. May 17th, 2024

Земјоделците бараат поголема контрола на откупувачите и трговците

Струмичките земјоделци се разочарани од откупната политика и цени на стартот од годинашнава сезона. Ниските откупни цени и немањето пласман беа причина што дел од произвдоството заврши или во нивите или на селските депонии. Нам ни останува само маката и нервозите вели Стојан Иванов.Земјоделството е лотарија тврди Мите Стефанов од струмичко Просениково. Тој смета дека нивниот просперитет зависи од трговците и откупувачите.

Поголема контрола врз откупувачите и заштита на земјоделците бара Орце Мирчев. Вели дека со години откупните цени се исти а трошоците за производство растаат

Во струмичко заврши првиот турнус раноградинарско произвдоство. Земјоделците ги подготвуваат нивите, за нова сеидба со надеж деќа ке има поголеми откупни цени

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *