• Sun. May 19th, 2024

Зголемено загадување на воздухот во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица

ByВане Трајков

Dec 24, 2022

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираа дека на мерните места во Скопје во Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, објави https://www.slobodnaevropa.mk/

Согласно овие препораки и мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, потоа да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *