• Sun. May 19th, 2024

За првпат лица со попреченост од цела држава ќе се дружат и натпреваруваат во спортски односно креативно-забавни игри во Струмица

На 07.07.2019-та година (недела), на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржат „Спортски игри на еднаквоста“

Настанот е во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ – Струмица.

Учесниците ќе бидат поделени во три тимови и ќе се натпреваруваат кој да ја понесе титулата за најдобар тим. За учесниците од другите градови и нивната придружба обезбедено е преноќевање на 7 јули/8 јули, јадење и минимални подароци.

Во текот на игрите нив ќе им асистираат девојките од одбојкарскиот клуб „Наковски волеј“.
Освен спортските игри во агендата е вклучена и посета на историски споменици и локалитети во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *