• Tue. May 14th, 2024

За пожарникарите од Југоистокот ќе се набавува облека и опрема за шумски пожари

ByВане Трајков

Sep 24, 2021

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини – Благоевград, Република Бугарија го имплементираат проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија,

Вкупната вредност на овој проект изнесува 395.361 евра, од кои буџетот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е 197.602 евра, а истиот ќе се имплементира 24 месеци.

Главна цел на проектот е превенција и ублажување на последиците од природни катастрофи како и катастрофи предизвикани од човечки фактор.

Во рамките на овој проект ќе биде набавена комплетна лична заштитна опрема за шумски пожари за сите пожарникари од Југоисточниот плански регион. Ќе се набави професионална опрема за шумски пожари која вклучува комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, шлемови направени специјално за шумски пожари, заштитни маски против чад и балаклави огноотпорни маски. За секоја од противпожарните единици во регионот ќе се набават пумпи, противпожарни црева и моторни пили. Со оваа опрема значајно ќе се унапреди безбедноста и функционалноста на пожарникарите од регионот и нивен навремен и соодветен одговор против шумските пожари кои предизвикуваат огромни штети, ја уништуваат нашата шума, природата, а не ретко како што е познато од минатото има и човечки жртви, инфомираа денеска на прес конференција од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Покрај набавката на опрема ќе се креира и прекугранична мрежа за спречување и одговор на опасности од природата и животната средина во која ќе учествуваат претставници на општините, општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји чија цел е да се создаде добра координација и структура за превенција и соодветен одговор на катастрофите со посебен акцент на шумските пожари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *