• Fri. May 17th, 2024

За една година околу 50 жени и деца побарале згрижување во Шелтер центарот во Струмица

Oвој месец се навршува една година од започнувањето со работа на Шелтер центарот за згрижување и поддршка на жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Струмица.

Проектот го поддржа општина Струмица која обезбеди 1.200.000 денари, од кои 200.000 денари беа наменети за реконструкција, додека останатите 1.000.000 за активностите и функционирањето на Центарот. Од страна на Општина Струмица беа обезбедени на користење и просториите во кој е сместен Шелтер центарот. Во текот на изминатата година биле згрижени и поддршка им била пружена на околу 50 жени и деца, кои биле сместени во шелтерот од неколку денови, до речиси една година.Во моментот се згрижени 5 жени и 4 деца.

Градоначалникот Јаневски вели дека овој сервис е важен и неговата значајност се покажа туште во првата година, бидејќи во текот на пандемијата многу жени и деца биле затворени во своите домови со насилниците: „Општина Струмица во партнерска соработка со Здружението на граѓани „Скај Плус“ покажувајќи ја својата силна заложба кога станува збор за жртви жени и деца и наредната година со финансиски средства ќе продолжи да подава рака и да понуди топол дом во кој можат да се чуствуват сигурно и безбедно жртвите на семејно насилство“, изјави Јаневски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *