• Thu. May 16th, 2024

Започнува реализацијата на германскиот грант од 2,5 милиони евра за општина Гевгелија

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес оствари средба со претставниците на KFW банката, Стефан Рааб и Уве Арас, на која стана збор за активностите околу реализацијата на грантот од 2,5 милиони евра, што општина Гевгелија го доби од оваа банка. Со тоа всушност започнаа и активностите околу реализација на грантот од 5 милиони евра, кои германска банка за развој им ги додели на општина Гевгелија и општина Кавадарци. На состанокот се зборуваше околу деталите во врска со проектите кои ќе бидат реализирани, а кои веќе се утврдени.
Во општина Гевгелија со грантот е предвидена изградба на водоводна линија за довод на вода од новиот водоснабдителен систем за Негорци и за Прдејци. Исто така, ќе биде извршена рехабилитација на постојната водоводна линија на потегот Гевгелија-Богородица, која е застарена и нефункционална. Со грантот ќе биде реализиран и проектот за заштита на Гевгелија од атмосферски води, преку сепарација на досегашниот постоечки мешовит канализационен систем и изградба на нова атмосферска канализациона мрежа. Предвидена е изградба на примарна и секундарна канализација во јужниот дел на градот, од поранешната касарна, па, се до железничката пруга. Покрај ова, ќе биде изградена атмосферска канализациона мрежа на улица Никола Карев и дел од Серменинска улица во Гевгелија.
Грантот ќе биде наменет за замена на старите затварачи во дистрибутивната водоводна мрежа со разни димензии, како и замена на корисничките водомери со далечинско читање. Имено, во ЈПКД„Комуналец“-Гевгелија во првата фаза има заменето околу 3.000 стари водомери на домаќинствата со нови водомери со далечинско отчитување во градот Гевгелија. Со средствата од грантот ќе се овозможи реализација на втората фаза, односно замена на сите водомери, така што сите корисници – домаќинства во градот Гевгелија ќе имаат еднаков третман во поглед на инсталирани нови водомери. Исто така, ќе бидат набавени протокомери на сите излези од резервоари и бунарски подрачја.
До крајот на годината ќе биде избран консултант за реализација на грантот, кој ќе започне со подготовка на тендерската документација. Реализацијата на проектот треба да започне во текот на наредната година. За таа цел, ќе бидат интензивирани активностите околу обезбедувањето на техничката допкументација, но и околу менаџирањето на грантот за што е задолжена KFW банката, а чија реализација ја координира Министерството за транспорт и врски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *