• Fri. May 17th, 2024

Започна уредувањето на просторот околу игралиштето во Ангелци

Општина Василево започна со активности на уредување на просторот околу игралиштето во населеното место Ангелци. Согласно проектот планирано е хортикултурно уредување на просторот збогатено со бехатонски патеки како и изградба на еден летниковец, поставување на реквизити за игра и забава на децата односно нишалки, лизалки, лулашки, вртелешки, како и поставување на урбана опрема, клупи за одмор и канти за отпадоци.„Овој простор ќе добие комплетно нов лик и содржини за сите генерации. Хортикултурното уредување дополнето со изградбата на летниковецот и поставувањето на реквизитите за деца ќе му даде една сосема нова димензија на просторот и од неугледна ледина ќе го претвори во пријатно катче за престој и уживање на граѓаните во сите четири сезони од годината“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по повод стартот на активностите на терен.Вкупната инвестиција, сигласно Договорот со изведувачот изнесува околу 5 000 000 денари од кои 1 000 000 се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, преку Програмата за распределување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби во 2020 година, а остатокот се средства од општинскиот Буџет. Активностите на терен планирано е да завршат за четири месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *