• Mon. May 13th, 2024

Заев: Видлив резултат бележи ЕУ за реформите во правосудството

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот изрази задоволство од извештаите од Европската Унија кои, како што кажа, нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите.

Тој констатираше дека тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството.

„Уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите – да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било, да ја делат правдата, но истовремено да ја штитат и правичноста, давајќи им на граѓаните можност до крај да ги искористат сите правни алатки и инструменти што им стојат на располагање“, кажа Заев.

Како што посочи тој, изминатиот период засилени се ефикасноста, редовноста и одржувањето на рочиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *