• Mon. May 20th, 2024

Завршуваат подготовките за годинашниве Републички детски средби „Цвеќе 2018′

ByDimitar Micev

May 25, 2018

Работната атмосфера и годинава ги исполнува членовите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Стумица. Речиси два месеца интензивно се подготвуваат за една од најголемите манифестации Републички детски средби „Цвеќе 2018“. Ликовните творби се веќе пристигнати, а во моментов се класифицираат за нивно изложување пред пошироката јавност.

Околу 20-тина тима од основните училишта од Струмица, Гевгелија, Стојаково, Берово и Кочани ќе се натпреваруваат на традиционалната манифестација која и годинава ќе се реализира во три етапи. Првата етапа е распишување конкурс од страна на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ кој се испраќа до сите основни училишта.

Ако порано учесниците цртаа на асфалт, сега веќе цртањето е на лице место директно на хамер хартија. Ова е вториот дел од манифестацијата Републички детски средби „Цвеќе“ која годинава се одржува по 28 пат. Третиот дел и завршувањето на годинашниве детски средби, ќе биде обележано со аранжирање на свежо цвеќе.

За да ги поттикнат младите понатаму да творат и да аранжираат цвеќиња, Домот за деца и млади “Благој Мучето“ доделува награди за сите учесници и за најдобрите цртежи.

„Цвеќе„ е републичка манифестација на која учествуваат повеќе училишта од цела држава, а годинава е закажана за 31 мај четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *