• Mon. May 13th, 2024

Заврши учебната година за сите ученици во основните и во средните училишта

Заврши учебната година за сите ученици во основните и во средните училишта

Ова беше прва учебна година која се изведуваше под посебни услови заради пандемијата, односно се одвиваше онлајн, но поради неподготвеноста да се стартува на ваков начин, таа започна на 1.0ктомври.  

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата.

-Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска.

Истовремено, од Комисијата за заразни болести за Фактор, неколкупати потенцираа дека за тоа каков ќе биде стартот на новата учебна година 2021/22, ќе дискутираат во август.

-Се ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба во тој период. Ќе ги направиме сите потребни анализи и потоа ќе донесеме одлука. Важно е да бидеме внимтелни, бидејќи искуството од сите овие изминати месеци покажа дека се соочивме со вирус кој досега беше непознат за науката и кој беше крајно непредвидли, велат од Комисијата за заразни болести. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *