• Sun. May 12th, 2024

Заврши литературната манифестација „Пролет на сребрените соништа“

По дводневно претставување на автори и наградени ученици вчера во Радовиш заврши литературната манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“.

Ова беше трето издание на манифестацијата којашто ја организира здружението на граѓани „Невена- за тебе, за мене, за нас“ во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на Македонија и издавачката куќа „Просветно дело“.

Во текот на дводневниот фестивал, се промовираа неколку книги за деца, се претставија десетина автори и читаа наградените ученици од литературните конкурси. Манифестацијата беше онлајн а сите учесници се вклучуваа со свои видео пораки.

Организаторката на манифестацијата, Гордана Здравкоска, за канал ВИС рече дека прво била скептик за овој начин на одржување на настаните. Но, како што течеле подготовките, сфатила дека литературата успеала да ги обедини авторите и талентираните деца од земјава и Балканот, поради што порачува дека онлајн манифестациите во време на пандемија се одлична идеја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *