• Sat. May 18th, 2024

Завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица – презентиран Тримерскиот обичај

Со презентација на  празникот Тримери посветен на свршените девојки, завр  шија осумдневните карневалски празнувања во Струмица. Ансамблот „Распеани струмичани“ отпеаа тримерски песни а организаторот подели посна храна, како илустрација на обичаите по домовите за големиот велигденски пост за кој се врзува Струмичкиот карневал.

Струмичкиот карневал догодина ќе слави 30 години од приемот во Европската асоцијација на карневалски градови за што оргааизаторите најавија голем Европски карневал со многу групи од странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *