• Sun. May 19th, 2024

Завршено е проширувањето на патот кон населеното место Дрвош

ByЃ. K.

Dec 7, 2023

Проширувањето на патот кон населеното место Дрвош (согласно условите на терен од двете страни) во должина од 1 км е завршено. Со поставувањето на банкината патот дополнително ќе се расчисти и прошири.

„Со години никој немаше интервенирано на овој локален пат кој е тесен и во лоша состојба.
Граѓаните на Дрвош заслужуваат комплетна реконструкција на патниот правец за Дрвош и за таа цел се работи на обезбедување на техничка документација и средства. Во овој момент проширувањето на патот во должина од еден километар беше максималното што можеше да се направи од буџетот на Општина Босилово“, истакнаа од општината.

By Ѓ. K.